Ноќеска во 02.40 часот во СВР Куманово, М.А. (62) од Скопје пријавил дека вчера околу 19.00 часот во близина на бензинска пумпа кај автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје.
Но, според пријавеното, кога тргнале, неколку пати застанале и физички го нападнале М.А., при што му одзеле и 1 500 денари што ги имал со себе. Потоа го исфрлиле од возилото и заминале.
Оштетениот се вратил во Куманово каде што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.