Вчера во 15.00 часот во полициска станица 32- годишната А.Т пријавила дека на 21.10 оваа година околу 14.00 часот во нејзиниот дом била измамена од страна на лицето Д.Г.
Во соопштението од МВР се вели дека измамата е извршена на тој начин што откако Д.Г. дошол во нејзиниот дом претставувајќи се дека е мајстор за ролетни и дека монтирањето на ролетните ќе ја чини 275 евра, а работата ќе ја заврши до 28.10.2017 година, примил аванс од 200 евра. Но, од тој датум Д.Г. воопшто не дошол ниту пак и се јавил.
Оштетената неколку пати телефонски му се јавувала, но Д.Г. и давал разни изговори односно ја држел во заблуда.
На 14.11.2017 година околу 18.00 часот дошол на нејзиното работно место по нејзино барање, и истиот потпишал на лист хартија дека земал 200 евра и дека до 18.11.2017 год. ќе ги монтира нарачаните ролетни, за што ќе му бидат доплатени 75 евра. Но и покрај тоа Д.Г. и натаму не ја завршил работата со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.300 денари.