Судот во Солун одлучува дали бегалците Грујевски и Бошковски ќе ги врати во Скопје

удечкиот совет на Солунскиот суд денеска треба да ја соопшти одлуката за барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија.

– Чекаме денеска Судот да ја соопшти одлуката. На минатите рочишта како сведоци бевме сослушани само јас и Александар Даштевски – изјави адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

Тој посочи дека доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, како одбрана имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави