Села утре ќе одлучува дали ќе остане во владината коалиција

Централното Собрание на Алијансата за Албанците утре во 11 часот, во просториите на ресторанот „Арена“ во Гостивар ќе одржи состанок на кој треба да одлучи дали ќе остане во владината коалиција.

Вчера премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Ноќно студио“ рече дека владата ги доставила предлозите за новите министри до Собранието и дека предлог за министер за здравство е Венко Фелипче а не Вулнет Ферати кој го предлагаше партијата на Зијадин Села.

Треба да знаете
Последни објави