Писмо и банкнота од 20 долари го трогнаа светот.
Осум-годишниот Мајлс Екерт со својата мајка заминале во ресторан на вечера, а на паркингот нашле банкнота од 20 долари. Со неа сакал да си купи игра, но потоа видел човек кој многу го потсетува на неговиот татко кој бил војник.
-Драг војнику, и татко ми беше војник. Сега е во рајот. Паричкава ја најдов на паркингот кога дојдовме. Јас и моето семејство сакаме да ти ја платиме вечерата. Денес ти е среќен ден. Ти благодарам за твојата служба. Мајлс Екерт, дете на војник со златна ѕвезда, напишало малото детенце.
Оваа порака го трогна светот.