Со пиштол се обидел да ограби 12-годишно дете, заминал откако видел дека нема што да му земе
Синоќа во 21,00 часот, Г.С.(47) од Скопје, пријавил дека на истиот ден околу 19,00 часот на ул.„Дрезденска“бб, поточно во близина на ОУ„Војдан Чернодрински“, непознат сторител извршил разбојништво во обид над неговиот малолетен 12 годишен син, на тој начин што откако го прашал колку е часот, од панталоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната, по што кога увидел дека нема што да му земе, сторителот го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.