Податоците покажуваат дека можеме да влеземе во Гинисовата книга на рекорди, рече директорот на основното училиште Бертан Четин и изрази надеж дека тоа и ќе се случи
Оснвното училиште „Макбуле Сулејман Алкан” во областа Буча во Измир ја посетуваат 33 парови близнаци и тројки.
Директорот на училиштето Бертан Четин рече дека за време на евидентирањето во училиштето, приметиле дека имаат 33 парови близнаци и тројки.
„Податоците покажуваат дека можеме да влеземе во Гинисовата книга на рекорди”, рече директорот на основното училиште Бертан Четин и изрази надеж дека тоа и ќе се случи.
Додаде дека сите во училиштето се среќни поради тој факт и дека и самите биле изненадени од бројот на близнаците кои посетуваат настава во ова основно училиште.
Мајката на близнаците Озлем Ѓултекин рече дека станува збор за многу убава случајност.
„Кога училиштето би влегло во книгата на рекорди, тоа би било убаво и за Измир и за Турција”, рече Ѓултекин.
Мајката на тројки, Зелиха Сојсал рече дека како мајка на тројкки меѓу толку близнаци се чувствува посебно.
„Понекогаш е тешко да се излезе на крај со три деца, но кога ќе речат ‘мамо’, сите маки исчезнуваат”, додаде Сојсал.
Нејзината ќерка Еџесу рече дека некогаш и близнаците се чудат што имаат тројки во училиштето.
Еден од близнаците Каан Демир рече дека е среќен што може да биде во ист клас со својот брат, со кој има посебна игра. Рече дека биле изненадени кога дознале колку близнаци оделе во нивно школо.