Според сите прописи, истражниот затвор во Шуто Оризари наскоро ќе биде новиот дом на Никола Груевски, изјави Љубе Бошкоски, пред новоотворениот штаб на Обединети за Македонија во Кисела Вода.
– И ако изгледа на хумористична личност, сепак, од позиција на премиер направи зло во Македонија од кое и по 6 месеци од доаѓање на новата власт не можеме да се опоравиме. Тоа човече кое овие денови прави шегобијни настани возејќи се со „пунто“ ѝ порачува на нацијата дека тој од денеска се споредува со големиот Тодор Александров. Ова да не беше трагично ќе беше комично затоа што доаѓа од едно такво човечуле кое пред истражниот затвор во Шуто Оризари, кој по сите прописи и по сите злодела наскоро ќе биде негов дом, им раскажува на присутните како тој ќе се борел да ги извади луѓето кои во крвавиот 27 април учествуваа во рушењето на уставно -правниот поредок на Македонија, рече Бошкоски.