Фолк везадата Светлана Цеца Ражнатовиќ со своите деца Анастасија и Вељко ја прослави домашната слава Свети Никола со бројни пријатели и припадници на џет сетот.
За време на славењето, околу нивната куќа кружел џип од марката Тојота, пишува Српски телеграф, а според нивните извори станува збор за заседа која е подготвувана за Вељко Ражнатовиќ. Случајот е пријвен на полицијата, а истрагата е во тек.
На денот на славата, 19 декември, непознати лица неколку пати поминале покрај куќата на Цеца, а откако обезбедувањето забележало дека некој од возилото ја набљудува куќата, повикана е полиција, која еден час подоцна успеала да ги пронајде осомничените.
-Се сомневаат дека С.П. и непознато лице кое било со него ја набљудувале куќата во намера да го забележат Вељко и да организираат напад штом ја напушти семејната куќа. Во прашање е некој судир, чии детали се уште не се познати, а истрагата треба да утврди зошто се настрвиле на Вељко – информира изворот на весникот.
Цеца е многу загрижена поради Вељко, бидејќи тој и порано знаел да упадне во тепачка и судир.
-Цеца е вклучена во текот на истрагата и ги зголеми мерките за безбедност на Вељко. Таа најдобро знае дека обезбедување не е гаранција ако некој реши да ти наштети. Вељко ја убедувал дека со никого се нема замерено, но тоа можеби го рекол од страв да не ги разбесни непријателите со пријава во полицијата – заклучува изворот.