Ловџија загина од прострелна рана во градниот кош, телото на обдукција
Вчера околу 10,00 часот во с.Извор, кумановски, на месност викана „Чуриште“, било пријавено дека додека Е.К.(41) од с.Слупчане, заедно со неговиот пријател М.И.(48) од истото село биле на лов, М.И. со неговите кучиња се оддалечил од Е.К. и околу 12,00 часот, М.И. забележал како од планината се спуштат кучиња-загари кои се упатиле кон кучето на Е.К. и почнале да се дават.
Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К., при што го забележал легнат на земја и му кажал дека самиот пукал.
М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата А.И.(36) од с.Режановце, кумановско. Двајцата се вратиле кај Е.К. и забележале дека истиот не дава знаци на живот.
А.И. настанот го пријавил во полиција и во итна медицинска помош. Од страна на доктор констатирана е смрт, при што е забележана прострелна рана во пределот на десната страна на градниот кош.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.