Основниот суд Скопје-1за 29 јануари го одлиожи судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
Причина за одложувањето беше тоа што предметот за овој случај е во Апелацискиот суд кој денес на барање на одбраната треба да одржи јавна седница за овој случај.
Апелациските судии ќе расправаат дали за овој случај снимките кои се обезбедени со ПИ-мерки , а кои беа објавени на „Јутјуб“ може да бидат доказ во оваа постапка. Заев се појави на рочиштето во Кривичниот суд и во изјава за медиумите рече дека очекува Апелацискиот суд да ја прифати жалбата.
“Очекуваме нашите жалби да бидат прифатени, бидејќи е тоа суштествен дел на постапката. Ќе ја почекаме одлуката на судот и ќе ја почитуваме. Сакам снимката да се обелодени за да може да ја видат сите комплетно без деловите каде е пресечена, бидејќи не само што сум убеден во својата невиност, туку важен ми е и образот оти извршувам висока политичка функција“, изјави Заев.
Во врска со тоа како снимката протече во јавност и дали постои одговорност, Заев рече дека единствен кој ја поседува и за неа одговара е јавниот обвинител.
„До денес немам никаква информација дали е покрената одговорност за објавување на снимката. Истрагата од самиот почеток ја води Владимир Милошевски и Јавното обвинитрлство треба да даде одговор на тоа“, изјави Заев.