Мишел де Нострадамус претскажал ужасни работи за 2018-та, тврдат научници кои се обидувале да ги размрсат пророштвата на астрологијата.
Тоа ќе биде време на болка и страдање, јави esoreiter.ru, Многу грдо дете ќе се роди и ќе се претвори во симбол на милионите жртви. Ќе започне војна меѓу Израел и арапска земја. За време на воените дејствија ќе биде употребено хемиско оружје, што ќе доведе до уништување на голем дел од човештвото, информира руското издание, цитирајќи ги научниците кои на овој начин го деѓифрираат пророштвото астрологот.
Природата ќе почне да се чисти и човештвото ќе биде подложено на страшни страдања. Во Сибир ќе разгорат невидени пожари, а во Западна Европа ќе има пороју споредливи со Библиски потоп. Дел од Обединетото Кралство ќе оди под вода, а речиси цела Европа ќе опустее и ќе помине многу време додека повторно биде населена од луѓе .
Дали се точни овие наводи и толкувања, ќе покаже времето.Она што е сигурно е паниката кај лековерните.