Автобус удри во подземен премин во Москва, најмалку 5 загинати

Најмалку пет лица загинаа а десетици се повредени откако автобус на градскиот превоз слета во влез на подземен премин во западниот дел на Москва, јавуваат руските медиуми.

Според официјалните информации, уште две лица се во критична состојба. На терен пристигнале сите дежурни служби кои извлекле тројца повредени од под тркалата на автобусот.

Автобусот слетал на широките скали кои водат кон станицата на подземната железница пред да заглави поради покривот на тунелот, како што се гледа од снимките направени од внатрешните безбедносни камери.

Станицата се наоѓа на главната улица Славјански булевар во западна Москва, покрај популарен трговски центар.

Еден од патниците, кој наводно седел покрај возачот на автобусот, за руските медиуми раскажа дека возачот намерно слетал во подземниот премин.

„Изгледаше смирено, а потоа одеднаш стисна на гаста и сврте од улицата. Бев изненаден. Потоа намерно сврте кон скалите“, изјави патникот. Од друга страна, властите овој инцидент засега не го водат како терористички напад.

„Се заби во преминот, покоси сѐ пред себе. Многу луѓе останаа заробени под автобусот“, додаде сведокот. Тој изјави и дека во автобусот во моментот на слетувањето имало пет или шест луѓе и дека никој од нив не бил повреден.

Возачот на автобусот е уапсен а истрагата е во тек.

 

https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=IIkYV07bQ_U

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави