Обожавател се обиде да го прегрне Ердоган – предизвика паника кај обезбедувањето

Непознат маж што се појавил на сцената на која говорел турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предизвика паника и бурна реакција на обезбедувањето, објавија турските медиуми.

Обожавателот на Ердоган се обидел да го прегрне трускиот претседател, но тоа не му било дозволено од телохранителите, кои веднаш го привеле.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=Wj9K7VW7tf0

 

 

Инцидентот се случил во провинцијата Сирнак, непосредно пред заминувањето на Ердоган на еднонеделната турнеја во Африка.

Приведениот набрзо бил пуштен, откако објаснил дека негова единствена цел била да го прегрне трускиот претседател, но не бил разбран.

Треба да знаете
Последни објави