Општина Бутел ги отвори вратите за најмалите – предновогодишна централна приредба

Доследно на принципот отворена општина, денес општина Бутел ги отвори вратите за најмалите.

За сите првачиња од седумте општински основни улилишта беше подготвен свечен прием и  централна новогодишна приредба. Во општината со организиран превоз пристигна повеќе од 600 дечиња, растрчани, разиграни со насмевки на лицата ги исполнија општинските просториите со детска радост. 

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави најмалите ученици и им посака среќни и весели новогодишни и божиќни празници.По тој повод беше прикажана и претстава “ Весела општина Бутел” во чија  изведбата се зборуваше за пречекот на Дедо Мраз и Новата Година.По завршување на претставата децата ги израдува Дедо Мраз кој заедно со градоначалникот Велимир Смилевски  им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата.

Весели и разиграни заедно ги запеаа новогодишните песни, по кое следеше фотографирање со Дедо Мраз.

 

Треба да знаете
Последни објави