Проектот за субвенционирање станбен кредит или познат како „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи и в година.
Владата денеска на седница го разгледа и го усвои извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање станбен кредит со предлог-одлука за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година.
Со донесување на оваа одлука, велат од Владата, и во 2018 година ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом.