Двајца работници на „ИГМ“ Трејд од Кавадарци вчера биле повредени откако извршувале активности за отстранување дефект.
„На 26.12.2017 година околу 14.30 часот во Кавадарци, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, Г.С. (42) и М.М. (40), двајцата од Кавадарци, паднале од корпа која била подигната со работна машина. При падот, Г.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека М.М. се здобил со телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци и трудов инспектор, информираат од МВР.
Двете лица се задржани во Јавната здравствена установа – општа болница Кавадарци за понатамошно лекување.