СОВЕТИ ЗА СОГОРУВАЊЕ МАСТИ И ЗАБРЗУВАЊЕ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

Ако се обидувате да симнете некој килограм и да си ја подобрите формата, она што го јадете е од витално значење. Избирањето на состојките кои го забрзуваат вашиот метаболизам може да биде клучот до неверојатни резултати.

Што е метаболизам?

Метаболизамот извршува процеси кои се вклучени во одржувањето на вашето тело, вклучувајќи го и дишењето, функцијата на органите и варењето на храната. Бројот на калории кое вашето тело ги согорува зависи од брзината на вашиот метаболизам. Ако прескокнувате оброци и не ги внесувате вашите витамини, тогаш најверојатно дека вашиот метаболизам ќе забави.

Ова се 6 начини кои ви ги препорачувам за да го забрзате метаболизмот и согорите повеќе калории во текот на денот:

1. Зелен чај

Докажано е дека 2 до 3 шолји зелен чај е едноставен начин да се забрза метаболизмот како и тоа дека го намалува апетитот.

2. Чили

Капсаицинот, соединение во повеќето чили пиперки има повеќе здраствени придобивки. Не само што е докажано дека работи како анти-воспалително туку и помага за разредување и спречување на згрутчување на крвта како и да се забрза метаболизмот.

3. Чоколада

Додека белата и млечната чоколада НЕ се за оние кои се на диета, црното чоколадо со 70% какао содржи мононезаситени масти кои се одлични за забрзување на метаболизмот и го стимулираат вашето тело да согорува масти.

4. Аспарагус

Аспарагусот има многу малку калории и е многу богат во Витамин Б кој поддржува здрав метаболизам. Тоа е исто така богато со растителни масти и други антиоксиданси  кои помагаат да се одржи нивото на инсулин и да се чуствувате сити подолго време. Обидете се да јадете за појадок аспарагус со варени јајца наместо тост.

5.Грејпфурт

Иако не препорачувам внесот на овошје да се сведе само на грејпфрут, неговото додавање во диетата ќе има доста предности. Една студија покажала дека учесниците кои јаделе грејпфурт пред јадење по 12 недели изгубиле 7% од телесната тежина.

6.Вода

Пиењето на вода е наједноставниот начин за забрзуванње на метаболизмот. Пиењето на 500мл вода може да го забрза вашиот метаболизам за 30%, додека дехидрираноста може да го направи спротивното. Според ова, најдобро е да внесувате 2-3 литри вода во текот на целиот ден.

Треба да знаете
Последни објави