ЗАЕВ И МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСИЛЕ ДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА ТРЕБА ДА УЧЕСТВУВА ВО РЕФОРМИТЕ

Премиерот Зоран Заев и новиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се согласиле дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а патот на Македонија е во ЕУ и НАТО, соопштија од Владата по нивната средба попладнево.

„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“, се вели во соопштението.

Претходно, Мицкоски не откри за што разговарал со Заев, но средбата ја оцени како конструктивна и рече дека се надева вакви средби да има и во иднина.

Треба да знаете
Последни објави