Највисоката просечна плата исплатена во земјите од регионот во октомври оваа година беше во Словенија во износ од 1.056,47 евра, а најниската во Македонија – 381,90 евра.
Просечната плата во Хрватска изнесуваше 795,53 евра, во Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, а во Србија 396,29 евра
Во Словенија оваа година просечната плата се зголеми за 36,07 евра, во Србија за 26,59 евра, а во Македонија за 18,10 евра.