Копривата е дводомна билка со големи корени. Стеблото е исправено и достига висина до 1, 1 и пол метри. Листовите се разгрануваат наспроти, срцевидни се, зашилени, пилести со кратки врвови.
Се користат листот, коренот и семето. За лек во пролет и есен се собираат корените. На пролет со собираат и листовите и стебленцата. А целата билка, т.е. може да се користи во текот на целата година. Семето се собира во август.
Таа е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.
Листовите од свежата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, Б2 и К, каротен и пантотенска киселина, калциум, фосфор и железо. Со еден збор, во нив се крие вистински провитамински концентрат.
Ова растение ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсичните материи од организмот. Научно е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од дијабетес.
Докажана е делотворноста на копривата во запирање на крвавењето, па често се користи при обилни менструални циклуси, крвавење од матката и слични состојби.
Чај од коприва:
Лековито дејство: чајот од целата билка ја одвојува слута од белите дробови, го чисти желудникот, бубрезите и цревата, а воедно е и одличен лек за лечење на анемија, жолтица, маларија и сите други видови на трески, како и при честото мокрење, при што ги одвојува штетните сокови од телото.