Вчера околу 14.20 часот во Ургентното одделение на гостиварската болница било донесено 14-годишно девојче од с.Симница со тешки телесни повреди.
По укажаната лекарска помош, девојчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Девојчето се здобило со повреди додека пеш се движело по улица во с.Долна Бањица, при што било нападнато од куче-бездомник и бегајќи од кучето, таа паднала и се повредила.