Груевски и Јанкуловска во јануари на суд за луксузниот мерцедес

Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори за набавката на „мерцедесот“ да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

Судечките совети кои постапуваат по предметот „Тенк“ и за предметот од Специјалното јавно обвинителство означен како „Трезор“ оформени по одобрување на обвинителните акти на СЈО, одредија термини за одржување главна расправа, и тоа 30.1.2018 година за вториот предмет на 5 февруари следната година, соопштија од Кривичен.

Предметот „Тенк“ е за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“, во кој првообвинета е Гордана Јанкулоска, а обвинети се и Ѓоко Поповси и Никола Груевски. Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори за набавката на „мерцедесот“ да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“. 

Треба да знаете
Последни објави