Дванесет годишно момче мигрант, успеало да ја помине границата со автобус што сообраќа на линијата Белград-Загреб, при што едвај останa живо.
Момчето било застанато на оската од возилотo, за среќа не паднало меѓу пневматиците.
– Автобусот од Белград тргна во 11.30 часот. Поминавме во Кутина, а некаде пред Иваниќ слушавме тропање пред автобусот. Прво слаб, а потоа посилен звук. Кога застана автобусот, момчето цело валкано излезе од под возилот. Се тетеравеше, се забележуваше дека е во шок, наведе еден од патниците.