Потпретседателот на покраинската влада и покраински секретар за управа, прописи и образование Михаљ Њилаш учествуваше вечерва во сообраќајна незгода кај местото Биково, недалеку од Суботица.
Тој со автомобилот удрил пешак кој им подлегнал на повредите и починал.
ВО Основното јавно обвинителство во Суботица е потврдено дека Њилаш возел „шкода суперб“ од покраинската влада која удрила пешак на локалниот пат.
До незгодата дошло нешто по 19 часот, а возилото на покраинската влада се движело од правец на Суботица. Пешакот стар 69 години починал на самото место.
Увид извршил обвинител и полицијата, а наредена е обдукција врз починатиот, вонреден технички преглед на автомобилот, но и алкотестирање на возачот.
Како дошло до ударот ќе покаже вештачењето.
Њијаш е функционер на Сојузот на војводинските Унгарци, а претходно беше и градоначалник на Кањижа.