Човек за кој се верува дека на себе носи експлозив, се забарикадирал во пошта во украинскиот град Харков, при што зел 11 заложници од кои и две деца.
„Неидентификуваниот напаѓач е тивок, засега нема никакви барања и е во постојан контакт со полицијата преку телефон на еден од заложниците“, рекол во изјава за медиумите регионалниот полициски началник, Олег Бех.
На телевизиските снимки од локалните медиуми се гледаат полициски службеници и возила пракирани пред зградата на поштата во североисточниот дел на градот кој е затворен за сообраќај.
„Ние се обидуваме да сториме сé за да останеме во контакт со него и ќе сториме сé што е потребно за да се осигураме дека луѓето ќе бидат ослободени“, вели Бех.
Тој објасни дека човекот забарикадиран во поштата бил загрижен поради неодамнешната размена на затвореници меѓу украинската влада и проруските сили, при што го нагласил својот став дека требало да бидат ослободени повеќе заробеници.