Колумбиската пејачка Шакира преку порака на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им се извини на своите фанови што ќе мора да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ до јуни 2018 година заради проблеми со гласот. Според лекарите, нејзините гласни жици и понатаму крварат, а состојбата е посериозна отколку што мислеле на почетокот.
„Ви се заблагодарувам на сите за поддршката во овие тешки денови. Вашите пораки ми помогнаа да издржам и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша таа меѓу другото во пораката.