Крадци во домот на новинарот Томислав Кежаровски

Домот на новинарот Томслав Кежаровски бил мета на крадци за време на новогодишната прослава, објави на Фејсбук Марина Кежаровска.

„Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовиници и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на фејсбук сопругата на Кежаровски.

Полицијата пред малку потврди дека непознат сторител утрово околу 4 часот преку балконска врата влегол во куќата на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави