Грчкиот владин портпарол вели дека има надеж годинава да се реши 25-годишниот спор за името

 

 Годинава постои прозорец и можност за решение на спорот за името и конечно да се затвори ова прашање, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина.

– Во текот на 2018 година, ако се земе предвид и позитивната позиција што ја следи политичкото раководство на ФИРОМ, постои, се отвора, еден прозорец за можност да се реши проблемот што е нерешен веќе 25 години и во нашата земја и во соседната земја. Моето мислење е дека треба да го искористиме овој прозорец за можност, треба да ги најдеме најсоодветните услови и најсоодветниот процес, за да тргнеме кон решение на проблемот, рече портпаролот на владата на Грција.

Во однос на позицијата на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос и неговиот став дека нема да прифати име со терминот Македонија, Димитрис Ѕанакопулос, објасни дека во владата соработуваат партии кои имаат различни политички ставови и различно политичко потекло, но оцени дека лидерот на Независни Грци, сепак нема да биде пречка за договор.

Тој ја повика опозициската Нова демократија да се сети на внатрепартиските несогласувања во 1992, токму поради името.

– Каменос рече и нешто друго, дека штом постои вкупен консензус во политичкиот систем, тој самиот нема шанси да биде пречка во решавањето на прашањето, објасни Ѕанакопулос, додавајќи дека според неговите проценки, ќе има можност да се постигне колку е мошно поширок консензус во Грција, за да се искористи прозорецот за можност за решавање на проблемот со сложено име.

Треба да знаете
Последни објави