Јапонското јаболко е прекрасно и многу здраво овошје. На изглед потсетува на домат, но кога ќе го пресечете, ќе утврдите дека тоа всушност е сочно овошје кое содржи бројни лековити својства како витамин Ц, а исто така содржи и многу малку калории.
Јапонското јаболко се користи во лекувањето на следниве болести:
– болест на цревата (при запек, воспалителни состојби и инфекција на цревата, пореметено варење и празнење особено при патување или промена на климата)
– болести на желудникот (при настинат стомак, гастроентеритис, лошо варење)
– за лекување на хемороиди (спречува тврда столица и делува поволно на празнењето на цревата)
– болести на црниот дроб и жолчката (се консумира при замастен црн дроб, слаба работа на црниот дроб, слабо излачување на жолчката)
– доколку го вариме плодот, тогаш со него лекуваме диареја
– исушениот зрел плод е добро лековито средство за лекување на компликации со бронхиите, и тоа особено при сува кашлица (земаме прашок од суво јапонско јаболко)
– свежиот сок од јапонско јаболко помага при лекување на висок притисок
– цветните чашички помагаат за лекување на икавица
– се лекуваат и болести поврзани со нервите (смирувачки делува на нервите кои ги релаксира и зајакнува)
– го зајакнува имунитетот