Поголем Македонец од мене не постои поради потеклото, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во интервјуто за радиото на грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.
За прашањето за името, јавува дописникот на МИА од Атина, Бутарис коментира дека излегло од колосек поради глупоста на политичарите.
-Прашањето за името излезе од колосек, чисто поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, објаснува солунскиот градоначалник во интервјуто.