Дваесет и седум годишен маж од Кочани доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „силување во обид“.
Според МВР; тој на 28 декември лани околу 17 часот, со употреба на сила, се обидел да изврши обљуба врз Н.А. (33) во нејзиниот дом. Во тој момент во куќата влегле неговите сестра и стрина кои што го спречиле во намерата.