Злосторство какво што не се памети во Виена: Србин ја закла сопругата, ја задави ќерката (10) и се самоуби
Во Виена Новата година почна со ужасна семејна трагедија во која еден Србин ја уби сопругата, ја задави ќерката и потоа си пресуди самиот на себе.
Несреќната жена починала на самото место, а девојчето Леа (10) е итно префрлена во болница, каде по повеќечасовна борба лекарите не успеаја да и го спасат животот.
Според соопштението на полицијата, девојчето починало ранот утрово.
Како што пишуваат австриските медиуми, таткото девојчето го задавил со кабел.
Полицијата влезе во трага на злосторството откако минувачи на тротоарот го најдоа машкото тело во локва крв.
Набрзо го утрдиле неговиот иденитет и тргнале до неговиот стан, кој бил во зградата каде тој е пронајден.
Во станот ја пронашле мртва неговата сопруга, која на телото имала бројни убодни рани.
Во другата соба го пронашле телото на десетгодишното девојче кое било во бессвесна состојба.
Мотивите за ова злосторство засега се непознати, а се претпоставува дека се работи за семејна кавга.
Полицијата соопшти дека семејството претходно не било пријавувано во полиција, додека соседите наведуваат дека имале често брачни кавги, најчесто поради проблеми со пари.