Тинејџер (19) развил јак бизнис во Мала Речица, еве што заплени полицијата

Тинејџер (19) развил јак бизнис во Мала Речица, еве што заплени полицијата

Седум телевизори, по четири компјутери и монитори, три принтери и еден апарат за игри со кучиња како и поголема сума пари открила и одзела со потврда полицијата при контролата и увидот извршен вчера во локал – нелегална спортска обложувалница во тетовска Мала Речица.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека локалот бил во сопственост на 19-годишниот Г.Х. од истото село.

– При контролата што била извршена околу 17 часот во локалот биле затекнати и двајца вработени Р.Н.( 26 ) и М.Ш.( 24) од Мала Речица, рече Јосифовски.

По расчистување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.

 

Треба да знаете
Последни објави