Перо Антиќ се враќа во репрезентацијата, но под еден услов!

 

Нашиот најдобар македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ изјави за српските медиуми дека вратата во репрезентацијата за него се уште е отворена.

Поради недоразбирање со актуелното раководство на КФМ, изминатите години Антиќ велеше дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, а не ја промени одлуката ниту за квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година.

Евентуално враќање во националниот тим го услови со промени во Македонската кошаркарска федерација.

“Ќе почекам да видам што ќе се случи со раководството. Додека е актуелното раководство, јас не размислувам за тоа. Иако станува збор за играње за мојата земја, ова раководство само чека да направи некои проблеми, само ги лечи своите комплекси. Тие ја расипаа хемијата што ја красеше македонската репрезентација, па сега се е статус кво, вели Антиќ.

Треба да знаете
Последни објави