Пожар во спалната соба на Клинтон: Изгорела вилата на поранешниот американски претседател

 

Бил и Хилари куќата во округот Вестчестер ја купиле во 1999-тата година.

Портпаролот на некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, Ник Мерил, објавил дека пожарот на нивниот имот ја зафатил зградата во која се наоѓаат агентите на тајната служба, а не резиденцијата на Клинтон, како и тоа дека тие за време на пожарот не биле дома. 

 

“Се е океј”, напишал Мерил на Твитер.

 

Според првите информации, пожарот избил во спалната соба.

 

Њујоршките власти претходно соопштиле дека пожар на кратко избил во домот на Бил и Хилари Клинтон, како и дека нема информации за повредени.

Се наведува дека полицијата во 14:50 часот по локално време добила повик дека избил пожар во местото Чапавка, на нешто повеќе од еден час возење од Њујорк, а дека огнот бил изгасен во околу 15:15 часот.

 

Се наведува дека нема информации за причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави