Тлото во регионот продолжува да се тресе: Силен земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Македонија

 

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора.

Земјотресот е регистриран во 11 часот и 46 минути, со епицентар во близина на Плав, на оддалеченост од 60 километри од Подгорица и на 30 километри од Пеќ во Косово, објави Сеизмолошкиот завод во Црна Гора.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денеска во 11 часот и 46 минути регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 145 километри северозападно од Скопје, во Република Црна Гора. Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда од 5,1“, се вели во соопштението.

Од Сеизмолошката опсерваторија наведуваат дека овој земјотрес е почувствуван од населението во западниот дел на Република Македонија и во градот Скопје, и тоа во Тетово и Гостивар со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје, Струга и во Кичево со интензитет од 3 до 4 степени, а во Охрид земјотресот е почувствуван со интензитет од 3 степени според истата скала.

Треба да знаете
Последни објави