Банална расправија околу неплатена сметка за кафе била причина за интервенција на патролата од агенцијата која го обезбедуваала објектот во еден хотел во Скопје.
Обезбедувањето било повикано од вработените во хотелот во вторникот околу 23.50 часот каде било затекнато лице кое претходно се опило, по што почнало жестока вербална расправија околу наплатата на сметка за испиено кафе. За среќа, се останало само на вербална расправија.