Одобрена екстрадација на Грујовски и Бошковски од Солун

 

Судот во Солун ја одобри екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, објавија грчките медиуми. Одлуката беше соопштена денеска.

Судско „ДА“ за екстрадицијата на скопските агенти – напиша грчкиот портал Вориа, потсетувајќи дека 51-годишниот Грујевски и 35-годишниот Никола Бошкоски беа уапсени на 25 октомври при обидот со лажни пасоши да летаат за Будимпешта.

Поранешните началници на УБК пред судот претходно побарале да не бидат екстрадирани бидејќи, како што рекле, се плашат за своите животи и сметаат дека во Македонија нема да добијат фер судење. Тие во ноември побараа азил.

Освен за екстрадицијата, на Грујевски и Бошкоски во Грција им се суди и за фалсификување пасоши.

Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта. Нивната намера беше да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена кога СЈО поднесе обвиненија поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Треба да знаете
Последни објави