Потпретседателот на БЕСА поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата.

Тој исто така наведе и дека нема да се кандидира за лидер на БЕСА на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари.

Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор и има за цел да внесе дух на конструктивност и подготовка за деблокирање на партиските органи.

Треба да знаете
Последни објави