Ќе се воведат посебни таблички за таксисти и еколошки налепници
Воведување на еколошки налепници за сите возила во земјава, предвидува Законот за возила кој го подготвува Министерството за економија. Дополнително, со претстојните законски измени ќе се воведат посебни таблици за возилата вклучени во такси превозот.
Примената на посебните таблички за таксистите има за цел да се означат на еднаков начин сите лиценцирани превозници, со што полесно ќе биде препознавањето и казнувањето на нелегалните таксисти.
Воведувањето на еколошките налепници за возилата пак ќе овозможи полесно да се регулира исклучувањето на возилата загадувачи во деновите со високо ниво на аерозагадување.
Различните бои на налепниците за возилата ќе им овозможат на општинските власти и на полицијата да ги идентификуваат оние возила.