На маса три имиња за Скопје, пишува грчкиот весник „Риал њуз“

На маса три имиња за Скопје, пишува грчкиот весник „Риал њуз“

„Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ се трите имиња што ќе се најдат на маса на средбата на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, пишува грчкиот весник „Риал њуз“.

„Имињата „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ се имињата што ќе ги предложи Нимиц, иако не е исклучено тој во последен момент да смисли ново сложено име. Медијаторот на ОН ги одбрал овие имиња помеѓу другите што биле ставени на маса, како што се „Вардарска Македонија“, „Славомакедонија“, предлог што се чини дека не го прифаќаат Албанците од Скопје“, објави весникот.

Во текстот се наведува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ставил до знаење дека преговорите имаат рок на траење и ако нема перспектива за решение, тогаш март ќе биде месецот кога ќе треба да се забрзаат разговорите.

Треба да знаете
Последни објави