Секој месец била во долгови: Еве како научила да штеди
Една Србинка раскажува дека секој месец била во долгови и едвај издржувала од плата до плата.
Но, еден ден решила дека не може на тој начин да функционира постојано, и се сетила на советот на својата мајка која ја учела дека не мора да купи сѐ што ќе види.
Почнала да штеди така што одбивала повици за кафе, поминувала покрај ресторани за брза храна, но не купувала ништо. Ги купувала само оние работи кои се навистина неопходни.
Се придржувала до правилото дека ако нешто навистина сака да го купи, ќе го купи по три дена.
Откако ја добила следната плата видела дека на сметка има пари од претходната, со што вели дека штедењето е можно и е одлично.
Девојката вели дека првиот месец со вакво штедење бил тежок, но понатаму се навикнала.