Борисов и Ердоган ја отворија црквата „Свети Стефан“ во Истанбул
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја отворија православната црква „Свети Стефан“ во Итанбул, по седум години реставрација.
Ердоган рекол дека црквата стара 120 години претставува единствен пример на црква изградена од железо. Оваа бугарска црква во форма на крст е изградена на брегот на истанбулскиот Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.
Ердоган рекол дека црквата претставува еден од најновите примери на напорите на Турција да ги обнови црквите, капелите и синагогите.
Борисов рекол дека Бугарија ќе работи на нормализација и унапредување на односите меѓу ЕУ и Турција со оглед на тоа што Бугарија го презеде претседателството со Унијата.