Два стана оштетени во пожар во Центар-пожарот најверојатно е подметнат

Два стана оштетени во пожар во Центар-пожарот најверојатно е подметнат

Два стана на улицата „Даме Груев“ бр.3 во центарот на Скопје се оштетени во пожарот кој избувна утрово во блокот спроти Собранието.

Според информациите нема повредени, а според изјави на станарите во зградата пожарот најверојатно е подметнат од сопственик на еден од овие станови.

Како што обавија повеќе медиуми чии екипи беа на самото место, станарите изјавуваат дека се работи за проблематичен сосед со кои подолго време имале проблеми и недоразбирања, но засега нема официјална информација за причините за пожарот.

Станарот, според истите информации е во полициска станица на разговор.

 

Треба да знаете
Последни објави