Експлозија спроти метро станица во Стокхолм
Едно лице е сериозно повредено откако подигнало од земјата предмет во близина на станица во подземната железница во шведската престолнина Стокхолм, соопшти полицијата.
Пријавата за експлозијата на метро станицата „Воорби“ во квартот Худдинге,во полицијата била примена по 12 часот по македонско време, кога местото на настанот било блокирано од полициските службеници,
Настраданиот 60-годишни кој бил пренесен во болница, бил придружуван од 45-годишна жена, којашто не е повредена во детонацијата, пренесува шведската новинска агенција ТТ повикувајќи се на полициски официјални извори.
Засега нема поединости околу предметот кој ја предизвикал експлозијата, ниту официјална квалификација на инцидентот.