Скопскиот аларм за загадувањето повторно се вклучи
Скопскиот аларм за загадувањето вечерва повторно се вклучи. Граѓаните на социјалните мрежи ги споделуваат последните мерења на квалитетот на воздухот во главниот град и концентрацијата на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички и бараат одговор зошто не се преземаат мерки против труењето.
„Некој треба да објасни што се случува, страшно е. Вака не беше ни за Бадник кога палеа огнови“, реагираат револтирано граѓаните на социјалните мрежи.
Енормно загадување е регистрирано во речиси сите скопски општини, а слична е ситуацијата и во останатите градови.
Се чини дека чист воздух се диши само во Лазарполе, дека во сите останати градови кадешто има мерни станици ситуацијата е загрижувачка.



