Касами пријавил во МВР дека не му било дозволено да влезе во седиштето на БЕСА
Биљал Касами, предводникот на Беса кој беше разрешен од страна на скопскиот огранок, пријавил во полиција дека не може да влезе во седиштето.
Касами известил дека три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои тој не ги познавал.