Македонскиот пејач скршен: Ова ми се најтешките и најтажните празници досега
Пејачот Јоце Панов вчера, на Бадник ја промовираше својата најнова песна, „Кога те нема“, посветена на неговата почината мајка. Ова е прв Бадник на Јоце без неговата мајка Василка која почина минатата година.
„Ова ми се најтажните, најтешки празници досега“, вели пејачот, кој за Бадник и Божиќ секогаш бил дома во Штип, со семејството.
„Секогаш моите нови песни ги објавувам со големо задоволство, ама оваа песна ја објавувам со голема тага, но во исто време и гордост за мојата најмила мајка. Сите ние во текот на животот губиме некого кој многу ни значи. Се надевам дека песнава ќе допре до сите вас“, вели Панов.



