Моќта на подземните води е страшна, проверете пред да купувате стан или куќа
Зрачењето не може да се почувствува или да се види, но секаде постои. Зраците продираат низ земјата преку кора, бетон, ѕидови, тавани. Тие делуваат на луѓе, животни, растенија. Иако не е секогаш можно да се утврди кои се овие зраци, но се знае со сигурност каде се наоѓаат: во подземните води, пештери и други пукнатини на земјата. Може да се мерат електронски уреди но, и со специјални В вилушки (чатали).
Човекот со време на урбано и зштитено живеење го загубил чувството да разликува каде има а каде нема позитивно или негативно зрачење, но растенијата и животните се уште се водени од тој инстинкт. Каде има позитивна радијација, растенијата растат, нагласено раскошно цветаат. На пример, птиците имаат посебно чувство за тоа; тие секогаш ги градат гнездата каде што моќно позитивно зрачење. Исто така, омилена место кадешто пасат кравите е она со позитивно зрачење.
На места каде што владее негативно зрачење, многу животни никогаш не престојуваат доброволно. Ако кучето не сака да спие во кошницата што вие на некое место сте ја поставил за него можете да бидете сигурни дека кучето чувтсвува негативно зрачење и го одбегнува тоа место. Ефектот ќе го видите и во градината, како и со цвеќето: не растат, закржлавени се, а земјата, полевањето и светлото се во ред. Аналогно на ова, такви се и влијанијата врз луѓето. Првите последици од негативните зрачења се: пад на имунитетот и чести вртоглавици, нагло отежнато дишење кое доаѓа и заминува без најава и главобилки без причина.
Космичкото и земјено зрачење не е магија, тоа е мерлива физика и и се утврдува со научни методи. Како такво јасно е дека има големо значење за квалитетот и здравјето на човекот. Најпосле, и нашите претци знаеле за тоа, имале метод преземен од отоманските војсководци. Кога ќе одберат место за куќа, колеле јагне и го ставале да на таа локација барем 24 часа и, ако произведува смрдеа и реа на гнилост тогаш било јасно дека местото е на удар на негативна енергија.
Едно од најчестите и најштетните е зрачењето од подземни водени токови (прецно е дека водата треба да се движи). Во текот на течењето на водите доаѓа до јонизација на молекулите на водата а поради движењето на наелектризираните честички (јони) доаѓа до појава на електромагнетни зрачења.
На местата каде што доаѓа до вкрстување на тековите на подземните води со Хартманова и Керијева мрежа доаѓа до излив на енергија и силно вертикално зрачење. Местото на кое зрачењето избива на површината се нарекува епицентар на зрачењето. Зрачењето може да оди во висина до неколку километри така што ни луѓето кои живеат во висококатници не се заштитени.
Општа карактеристика на овие зрачења е тоа дека се нискофрекфентни зрачења кои делуваат врз човековиот организам и останатите живи суштества со тоа што вршат иритација на нормалната клеточна работа што доведува до сериозно пореметување на електромагнетните својства на крвта и повеќе, до пореметување на целокупната енергетска структура на биолошките системи. А тоа е сосема јасен удар за темелите на човековото здравје.
Негативното влијание од подземните води е познато многу одамна. Затоа говори и фактот дека манастирите и црквите секогаш се градат вон дометот на зрачењето од подземни води.
Никогаш не се започнувало со изградба пред да се провери влијанието од негативните подземни води. И денес во некои земји се води сметка да не се градат објекти на такви места.
Генерално, негативното зрачење од подземни водени токови влијае врз срцевата работа со предизвикување аритмија која понатаму предизвикува неправилно дишење, а особено се видни мигрени, вртоглавици и раздразнетост, или депресија, без да се знае причината за тоа, и без да се има логичен повод. Сонот тешко доаѓа, а кога се заспива се губи длабоката фаза на спиењето и човек станува недоспан и со главоболки. Условен рефлекс е што човек кој е на удар на брановите според инстикт чувствува дека со него нешто не е во ред, како и со местото на кое престојува и има нагон да ја смени локацијата верувајќи дека со тоа ќе му биде пообро. Најчесто, така и бива.
За жал, во современиот свет и современиот начин на живеење речиси и да е невозможно да се одбегнат негативните зрачења, особено оние од неквалитетни градежни материјали, електрокабли и електронски уреди. Сепак, до одреден степен ние одлучуваме. Ако долго престојувате или спиете до телевизор, компјутер или мобилен кој се полни цела ноќ поставен до вашата глава, вие сами си ја барате бељата.
Но, како да се заштитиме од зрачењето на подземните води? Прво треба да ангажирате некој да го измери зрачењето на подземни водени токови, а не вие самите “по осет“ да проценувате. Треба да знаете дека места кои се под удар на негативно зрачење на подземните води има многу повеќе отколку што мислите. Запомнете, зрашењето од поземни води не е фискно, постојано си иста вредност, туку се појавува само во услови кои се погоре наведени, и по некое време се губи и пак се враќа.
Постои ефикасен, традиционален начин на заштита од ова зрачење, а тоа е рогозина, трска и слама, токму материјлите кои се употребувале традиционално со векови како постела. Едноставно, местото каде долго престојувате, или под креветот на кој спиете, постелете рогозина која не е скапа и може да се најде и во нашите продавници, и во најголем дел ќе бидете заштитени од негативното зрачење на подземните водени токови.